На 7 февруари 2008 година во Собранието на Република Македонија се одржа продолжението на вториот работен состанок на Парламентарната зелена лоби група. На состанокот присуствуваа 8 Пратеници-членови на лоби групата: Благој Зашов, Марјан Додовски, Катерина Димеска, Томе Даневски, Азис Положани, Сафет Незири, Зоран Витанов и Мирјана Секуловска. Состанокот го отвори и водеше г-дин Столе Георгиев, координатор на проектот. На овој состанок присуствуваше и претставник од Министерството за животна средина и просторно планирање, г-ѓа Теодора Обрадовиќ – Грнчаровска.
|