English language
 
   Прва Страна
   За нас
   Новости
   Услуги
   Проекти
   Документи
   Галерија
   Линкови
   Контакт
  
  
 
ДЕНОТ НА ДРВОТО - ЗАСАДИ ЈА СВОЈАТА ИДНИНА

 

Ова е мотото на акцијата по големите пожари што минатото лето ги зафатија македонските шуми. Акцијата е иницирана од група граѓани, на чело со оперскиот пејач Борис Трајанов.

Оваа иницијатива потекнува од многубројните факти со кои се соочуваме во денешницата, од постојаното намалување на светскиот фонд на шуми и на шумовити предели што претствува еден од нajголемите светски еколошки проблеми, кој пак има сериозно негативно влијание врз промена на климата, здравјето на лугето, намалување на животинската популација како и на светската економија.

Балканот е регион каде овој проблем има уште поголемо и посериозно влијание, особено поради немањето на постојан и издржан систем на шумски менаџмент, како на локално така и на регионално ниво. Големите пожари оваа година, во целиот регион, се само мал доказ на ова тврдење. Како што знаеме летото 2007, ниту Република Македонија не беше исклучена од овој проблем.

 
Во рамките на оваа иницијатива е планирано да се организира еднодневна акција за пошумување на регионите кои беа погодени од пожарите минатата година. Затоа на 12 март 2008 год. под мото „Ден на дрвото – Засади ја својата иднина“, ширум земјата ќе бидат засадени над 2 000 000 садници. Бројката на садници го симболизира вкупното население во Македонија.

Македонски зелен центар, здружение на граѓани за лобирање, застапување и истражување на прашања од областа на животната средина целосно ја поддржува оваа иницијатива и е дел од иницијативниот одбор (координативното тело) кој ја организираа оваа акција ДЕНОТ НА ДРВОТО - ЗАСАДИ ЈА СВОЈАТА ИДНИНА. Затоа ги повикуваме сите здруженија на граѓани кои работат во полето на животната средина со заднички сили да дадеме придонес во акцијата за пошумување и во борбата против климатските промени.

Повеќе информации можете да најдете на http://www.treeday.com.mk
 
 
Прва Страна   За нас   Новости   Услуги   Проекти  Документи  Галерија  Линкови   Контакт