English language
 
   Прва Страна
   За нас
   Новости
   Услуги
   Проекти
   Документи
   Галерија
   Линкови
   Контакт
  
  
 
Втор состанок на Парламентарната зелена лоби група

 

 
На 7 декември 2007 година во Собранието на Република Македонија се одржа вториот работен состанок на Парламентарната зелена лоби група. На состанокот присуствуваа 7 Пратеници-членови на лоби групата, кои доаѓаат од различни политички партии во Парламентот, меѓу кои присутни беа: Томе Даневски, Катерина Димеска, Илија Димовски, Марјан Додовски, Зоран Витанов, Лилјана Поповска и Роза Топузовска-Каровска. Состанокот го отвори и водеше г-дин Столе Георгиев, координатор на проектот.

На овој состанок присуствуваа Г-дин Борис Трајанов, оперски пејач и Г-дин Владимир Мандичевски кои на пратениците им ја претставија нивната иницијатива за пошумување на опожарените предели за време на летниот период. Со пошумување на толкав број на садници колку што жители има во Република Македонија на ист ден ќе се придонесе во борбата против климатските промени. Замислата на оваа иницијатива е да биде организирана на високо ниво со иницијативен одбор за подигање на јавната свест како и релизација на целиот настан, исто така е предвиден и настап на многу личности од нашата естрада.

Оваа иницијатива беше прифатена многу добро од страна на пратениците кои што се заложија дека ќе ја пренесат информацијата во своите политички партии и ќе лобираат кај нив и кај своето членство за организирање на еден ваков настан.

 
На овој состанок исто така беа присутни и членови од невладините организации ОРТ, обука за одржлив развој и Еко-свест, како и  претставник на службата за животна средина од општина Центар кои изразија желба да присуствуваат и да бидат дел од работниот состанок на Зелената лоби Група.

По претставувањето на иницијативата за пошумување,  состанокот продолжи по дневниот ред и беше отворена дискусија за усвојување на записникот од иницијативниот состанок за формирање на Зелената лоби група.  Како заклучок од оваа точка на дневен ред беше договорено секој следен записник да биде оверен/заверен од тројца оверувачи. За оверување на записникот од Првиот состанок се пријавија Г-ѓа Роза Топузова-Каровска, Г-ѓа Лилјана Поповска и Г-ѓа катерина Димеска.

Следна точка од дневниот ред беше разгледување на Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Република Македонија во процесот на ЕУ интеграција од 6 ноември 2007 година–Поглавје животна средина. Според сознанијата кои ги добивме од пратениците досега ниту една Собраниска Комисија не одржала состанок или седница по повод извештајот од Европската Комисија за напредокот на Р. Македонија во процесот на апроксимација на националното законодавство со ЕУ легислативата.


 
Сите пратеници се јавија да дискутираат на оваа точка и како заклучок произлезе дека извештајот е многу објективен дека во секое подрачје е нагласено одреденото ниво на напредок но дека уште треба да се работи кон исполнување на условите поставени од ЕУ. Членовите на лоби групата се согласија дека треба да се посвети повеќе време на негово разгледување и да се донесат некои заклучоци како насоки за идна работа, за да не се повтори истата оцена и следната година.


 Следни точки на дневен ред кои беа предвидени за дискусија на овој состанок беа: Усвојување на Резолуцијата на Собранието на Република Македонија за приоритетите за пристапување на Република Македонија во Европска Унија и отворањето преговори за членство во Европската Унија и животната средина и Стратешки приоритети на Министерството за животна средина и планирање во периодот од 2007-2010 година. Бидејќи во истата сала состанок имаше Комисијата за Европски Прашања, поради ограниченото време, беше предложено состанокот да биде прекинат и дополнително да биде продолжен во друг термин.

 
 
Прва Страна   За нас   Новости   Услуги   Проекти  Документи  Галерија  Линкови   Контакт