English language
 
   Прва Страна
   За нас
   Новости
   Услуги
   Проекти
   Документи
   Галерија
   Линкови
   Контакт
  
  
 

 

Парламентарни Избори 2008 ... Гласај за Природата!

Македонскиот зелен центар во соработка со организациите членки на МЗЦ ( “Еко свест” - Скопје, “Биосфера” - Битола, “Проактива” - Скопје, “Крсте Јон” - Струга, “Еко.Нет” - Скопје и “Коцка” - Скопје) како продолжение на активностите за учество на јавноста во крерирањето на националните политики за животна средина и поставување на прашањата од областа на животната средина и одржливиот развој на повисоко приоритетно место во агендите на политичките партии во Македонија, во моментов ја спроведува кампањата “Гласај за Природата 2008”. Оваа кампања претставува продолжение на досегашните активности кои беа отпочнати со Локалните избори 2005, Парламентарните избори 2006 и основањето на “Парламентарната зелена лоби група” во текот на ланската година
 
На иницијатива на Македонскиот зелен центар (МЗЦ), членките на МЗЦ и група на здруженија на граѓани поддржувачи на МЗЦ, изготвена е предлог текст на “Изјава“ веќе е доставена до 10 политички партии од Македонија и се очекува таа да биде прифатена и потпишна од партиите до кои е упатена. Политички партии до кои е упатена изјавата се: ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, ДПА, НСПД, ДОМ, ЛДП, ДС, СПМ и ПЕИ.
Текстот на изјавата е општ и генерален, меѓутоа има за цел да биде основа и алатка за понатамошни прецизирања на активностите и темите од животната средина, за кои заеднички со сите здрузенија на граѓани ќе лобираме и ќе ги застапуваме интересите на граѓанското движење и граѓаните на Република Македонија. Ваквата иницијатива досега е поддржана од 17 здруженија на граѓани: “Биосфера“ од Битола, “Еко свест“ од Скопје; “Проактива“ – Скопје, “Крсте Јон“ – Струга, “Коцка“- Скопје, “Еко.Нет“ од Скопје, “Центар за локален развој – ЦЕЛОР“ од Скопје, “Здружение на инженери на животната средина“ – Скопје, “ОРТ“ – Скопје, “Балкански центар за соработка“ од Скопје, “Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој“, “Центар за меѓуетничка толеранција“,  “Еко-мисија“ - Скопје, “Парумба“ – Струга, “Грин Пауер“ – Велес, “Фронт 21/42“ – Скопје и “4х4х4 Балкански мостови “ од Скопје.

По завршување на изборите и по конституирањето на новиот парламентарен состав, Македонскиот зелен центар ќе отпочне активности за возобнување на “Парламентарната зелена лоби група“. Затоа ги повикуваме сите здруженија на грагјани кои сакаат да бидат дел од оваа иницијатива и наредните иницијативи на Македонскиот зелен центар, да дадат придонес со испраќања на свои предлози, мислења и препораки околу работата на Парламентот и пратениците и државните институциите кои се задолжени за прашања од областа на животната средина.

 

Превземете:

Предлог текст на изјавата од политичките партии (.pdf)

 


 
 
Прва Страна   За нас   Новости   Услуги   Проекти  Документи  Галерија  Линкови   Контакт