English language
 
   Прва Страна
   За нас
   Новости
   Услуги
   Проекти
   Документи
   Галерија
   Линкови
   Контакт
  
  
 
Одржана средба помеѓу граѓанските здруженија и Парламентарната зелена лоби група

 

На 26 февруари 2008 година во Клубот на пратеници во Скопје се одржа еднодневна работилница организирана од Македонскиот Зелен Центар во рамките на проектот „Формирање на Парламентарна зелена лоби група“ финансиран од Британската амбасада во Македонија. Тема на работилницата беше “Воспоставување на механизам за подобра соработка помеѓу здруженијата на граѓани, членовите на Парламентот и државните институции во областа на животната средина и одржливиот развој”.
На работилницата беа присутни околу 20 претставници од граѓанскиот сектор кои работат на поле на заштита на животната средина и одржливиот развој, заменик Министерката за животна средина и просторно планирање, 15 пратеници – членови на Парламентарната зелена лоби група, медиуми и претставник од Британската Амбасада во Македонија.

 

На почетокот на работилницата беше претставен модел како граѓаните и здруженијата на граѓани полесно да соработуваат и да ги искажуваат проблемите и сугестиите за решавање на проблемите и прашањата поврзани со животната средина пред пратениците од Парламентарната зелена лоби група.
На работилницата беа презентирани и 10 презентации од страна на граѓанските здруженија пред членовите на Парламентарната зелена лоби група и претставниците од Министерството. Со презентациите беа опфатени неколку национални и локални проблеми поврзани со заштитата на животната средина и одржливиот развој:

    • Состојбата со приближувањето на македонското законодавство за животна средина со законодавството на ЕУ (Македонски зелен центар – Марија Јанковска);
    • ГМО (Еко-Свест - Андријана Славковска);
    • Транспортот – еден од главните предизвикувачи на климатските промени (Проактива – Владимир Карчицки);
    • Изработка и имплементација на EIA студиите и осврт на постапката за Коридор 8, делница Демир Капија-Смоквица (Македонско Еколошко Друштво - Проф. Д-р. Љупчо Меловски)
    • Изградба на 400 мали хидроцентрали (Македонско Еколошко Друштво - Славчо Христовски);
    • Заштита на биволите како загрозен вид (Биосфера – Нешад Аземовски);
    • Парк шума Гази баба (Здружение на граѓани од населба железара – Марјан Калимановски);
    • Ниска еколошка свест (ОРТ – Билјана Стевановска);
    • Неадекватно управување со отпад (Планетум – Славе Георгиев)


    Пред насобраниот аудиториум свое излагање околу целите и досегашните активности имаше и претставник од иницијативата Ден на дрвото која треба да се реализира на 12 март 2008 година (среда).
    Парламентарците од Парламентарната зелена лоби група ја искажаа својата подготвеност за соработка со граѓанските здруженија по прашањата за животната средина. Беше исто така истакнато од страна на претставниците на граѓанските здруженија дека ова е прв ваков настан во скоро 20-годишното постоење на граѓанскиот сектор во Македонија и тие ја искористија приликата да го искажат своето огромно задоволство поради тоа.

    Како заклучок од средбата излезе дека оваа соработка мора да продолжи понатаму, но дека во целата работа мора да бидат вклучени поактивно и медиумите, во смисла на поголема застапеност на темите за животна средина во медиумите, како и поголема едукација на новинарите во областа на животнаат средина..

    1. “Состојбата со приближувањето на македонското законодавство за животната средина со законодавството на ЕУ“ - Македонски зелен центар;

    2. “Генетски модифицирани организми (ГМО)“ - Центар за истражување и информирање за животната средина “Еко-свест“;

    3. “Транспортот - еден од главните предизвикувачи на климатските промени“ - Здружение на граѓани “Проактива“;

    4. “Изработка и имплементација на EIA студиите и осврт на постапката за Коридор 10, делница Демир Капија - Смоквица“, Македонско еколошко друштво;

    5. “Изградба на 400 мали хидроцентрали“ - Македонско еколошко друшво;

    6. “Заштита на биволите како загрозен вид“ - Биосфера;

    7. “Парк шума гази баба“ - Здружение на граѓани од населба Железара;

    8. “Ниска еколошка свест“ - ОРТ обука за одржлив развој;

    9. “Не адекватно управување со отпад“ - ЕД Планетум;

    10. Ден на дрвото

 
 
Прва Страна   За нас   Новости   Услуги   Проекти  Документи  Галерија  Линкови   Контакт