English language
 
   Прва Страна
   За нас
   Новости
   Услуги
   Проекти
   Документи
   Галерија
   Линкови
   Контакт
  
  
 
Состанок со Министерство за животна средина и просторно планирање

Место: салата за состаноци во просториите на МЖСПП

Дата: 12.06.2007, со почеток во 10 часот

Присутни:

Од МЖСПП
Г-ѓа Каја Шукова – Сектор за оддржлив развој и инвестиции
Г-ѓа Гордана Кожухарова - Сектор за соработка и проектна координација
Г-ица Драгана Черепналковска – Сектор за Европска Унија

Од Македонски зелен центар
Г-дин Столе Георгиев – Координатор на проект
Г-ица Александра Каракашова – Асистент на проект
Г-ица Марија Јанковска – Соработник за истражување

Координаторот на проектот го отвори состанокот, накратко го претстави проектот „Формирање на зелена лоби група во Парламент и ги запозна присутните со проектните активности и со очекуваните резултати, а притоа даде осврт и кон досегашната работа на Македонски Зелен Центар преку организирање на двете кампањи „Гласај за природата“, и тоа позеленување на локалните избори 2005 и позеленување на парламентарните избори 2006. Исто така организирањето на 5 та Годишна средба на еколошките НВОи во Македонија беше организирана од страна на Македонски Зелен Центар.    
Цел на овој состанок беше да се добие јасна претстава за процесот на усогласување на нашето законодавство од областа на животната средина со законодавството на Европската Унија.

Закон за хемикалии – во надлежност на министерство за здравство (подготвен е и се наоѓа во собрание, во прва фаза на разгледување)
Измени на законите за отпад, природа, воздух и животна средина (наредната недела ќе одат на разгледување во собрание)
Законот за бучава е веќе на дневен ред, се наоѓа во втора фаза на разгледување во Парламентот, и треба да се усвои (усвојувањето на законот се очекуваше на денот на одржување на состанокот)
Закон за ГМОи кои намерно се испуштаат во животната средина (ова не се однесува на ГМО супстанции  во храната, таа проблематика ќе биде разгледана во закон за безбедност на храна) прва фаза на донесување на законот треба да заврши до крај на јуни, втора фаза на донесување да започне во септември  и до крај на година законот треба да биде усвоен.
Закон за заштита на води е во процедура предлог за донесување на закон, односно се наоѓа во прва фаза. Законот треба да се донесе до крај на годината. Надлежностите се наоѓаат во МЖСПП, освен надлежностите за наводнување +?  и според МЖСПП овој закон е најитен да се донесе

Што се однесува до конвенциите потребно е да се донесе Ротердамска Конвенција за регулирање на промет на хемикалии. Оваа конвенција планираат да ја потпишат по донесувањето на законот за хемикалии.
Што се однесува до донесување на стратегии, треба да се изготви стратегија за отпад врз основа на веќе изготвениот план за управување со отпад (неофицијален документ, односно документ кој не е изгласан, но се користи во пракса ), а исто така треба да се изготви и донесе Стратегија за инвестиции. За донесување на стратегиите е одговорна Владата.
Обврските што треба да ги исполни ова министерство во иднина ќе бидат базирани на извештајот кој ќе биде испратен до Европска Унија, како и коментарите кои ќе бидат испратени од нив.
http://www.sep.gov.mk/npalreports/, Национална програма за приближување на законодавството, каде што може да се видат кои следни чекори треба да ги превземе министерството за усогласување на легислативата.

 
 
Прва Страна   За нас   Новости   Услуги   Проекти  Документи  Галерија  Линкови   Контакт