Прв официјален контакт беше остварен со Г-дин Никола Ќурчиев, претседател на Комисијата за Транспорт, Врски и Екологија.
Следен воспоставен контакт и одржување на состанок беше со Г-ѓа Лилјана Поповска, преседател на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите. Таа е член на 2 лоби групи кои беа основани во изминатиот период во Македонскиот Парламент и тоа:
- Женското лоби кое е формирано пред околу 7 години со поддршка на Пактот за стабилност на Југоисточна Европа со цел да се актуелизира прашањето на родова еднаквост и да се зголеми учеството на жените во политиката од различно политичко, верско и етничко потекло кое до сега успешно функционира и е оддржливо;
- Интерпарламентарно лоби за лица со хендикеп, кое беше формирано пред 4 години од парламентарци од сите партии во соработка со невладиниот сектор (Полио плус, Хелсиншки Комитет и Даре Џамбаз.
Според неа формирањето и работењето на овие две лоби групи е доказ дека граѓанскиот сектор и парламентарците без оглед на нивната политичка определба може да функционираат како една целина и може да постигнат резултати во едно општество.
Исто така ни даде некои препораки и корисни информации во процесот на креирање на Зелената лоби група, како што се: воспоставување на контакт и органозирање на состанок со невладината организација Полио Плус за размена на искуства во процесот на креирање на лоби групи во Македонскиот Парламент, Зелената лоби група треба да добие поддршка од голем број на еколошки невладини организации; Да се развие прорама за работа на лоби групата која ќе биде прифатлива за сите членови на лоби групата; Зелената лоби група треба да лобира кај Владата на Р. Македонија за одобрување на поголеми инвестиции во областа на животната средина.
Следен состанок беше одржан со Г-дин Тито Петковски како претседател на Комисијата за европска интеграција и Г-дин Благоја Зашов, заменик претседател на истата комисија и член на Комисијата на транспорт, врски и екологија.
Нашата иницијатива беше поздравена од страна на двајцата пратеници и според нив ова би можело да биде одлична можност за подигање на јавната свест на повисоко ниво, актуелизрање на проблемот со животната средина во секојдневието на секој поединец и на крај почитување на законите.
По доставувањето на извештајот од Европска Комисија за прогресот на Република Македонија, посебно во областа на животната средина ќе бидат поставени некои критериуми и стандарди кои треба да ги заврши нашата држава за успешна ЕУ интеграција.
Потребно е да се направи динамика во однос на законодавството да се знае кои закони претсојат за донесување и да се постават приоритетите кои се однесуваат на нашата држава.
Друга битна работа е глобалниот проблем со климатските промени и потребата од итна едукација на јавноста и превземање на соодветни мерки.
НСДП – Нова социјал демократска партија самоиницијативно има изготвено план за отстранување на ѓубрето околу патиштата и планира да го имплементира во соработка со здруженија на граѓани кои работат на полето на заштита и унапредување на животната средина.
Следен состанок беше состанокот со Г-дин Марјан Додовски, преседател на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство. Тој е поранешен Министер за животна средина кој многу добро е запознаен со ситуацијата со животната средина во нашата држава, а исто така во текот на кампањата за позеленување на парламентарните избори 2006 година имавме одлична соработка.
Од негова страна добивме сугестија околу процесот на формирање на лоби групата и тоа во однос на потпишувањето на меморандуми за разбирање со секој од пратениците посебно, а исто така и организирање на прес конференција во просториите на Собранието на Р. Македонија со што ќе се постигне и многу голем медиумски ефект.
Следен состанок беше одржан со Г-дин Томе Данвски, член на Комисијата за надворешна политика и Комисија за образование, наука и спорт. Тој ја изрази неговата поддршка и изрази волја да биде член на Зелената лоби група.
Последниот состанок беше со Г-ѓа Катерина Димовска, член на Комисијата за транспорт, врски и екологија. Според нејзиното досегашно искуство и работата со невладини организации од областа на животната средина, таа ја поздрави нашата иницијатива и е заинтересирана да биде член на лоби групата. |