Проектот е финансиран од Британската Амбасада во Македонија, а го спроведува Македонски Зелен Центар, организација за застапување, лобирање и истражување за прашања од областа на животната средина.
Главна цел:
Креирање на оддржлива „зелена лоби група“ во Македонскиот Парламент која ќе има добра соработка со здруженијата на граѓани кои работат во областа на животната средина, a се со цел Парламентот на Р. Македонија и владините институции да бидат подобро запознаени со приритетите од областа на животната средина.
Потребни информации:
Кампањата „Гласаj за природата“ беше подготвена и спроведена од МЗЦ со неколку еколошки НВОи од Македонија за време на Парламентарните избори кои се одржаа на 5-јули 2006 година. Главната цел на кампањата беше да се зголеми важноста на 4 национални еколошки теми. Со оваа кампања МЗЦ ја афирмираше својата улога помеѓу медиумите и политичките партии како активна еколошка група која ги застапува и спроведува интересите на граѓаните и невладините организации преку политичките фактори во државата, а исто така и воспостави добри односи со неколку ново избрани парламентарци. Овој проект претставува продолжение на кампањата и планираните активности од проектот се насочени кон Пратениците во Собранието на Р. Македонија како клучна национална институција, која покрај улогата во законодавството има одговорност да избира, да ја следи и контролира работата на владата, министерствата, агенциите и другите владини тела. Истражувањата кои МЗЦ ги направи за овој проект покажаа дека во последниот мандат на парламентот биле поставени вкупно 1641 прашања до пратениците, од кои само 52 прашања или 3,2 % биле адресирани до Министерот за животна средина. Овие резултати покажуваат дека животната средина е сеуште еден од најниските приоритети на политичката агенда и дека има простор за подобрување.
Проектни активности:
- Воспоставување контакти со пратениците во македонскиот Парламент за презентирање на проектната идеја;
- Одржување состанок со Комисијата за транспорт, врски и екологија при Собранието на Република Македонија;
- Добивање на поддршка од најмалку 7 или 8 пратеници од различни политички партии, како од позицијата така и од опозицијата кои се заинтересирани за законодавството од областа на животната средина;
- Одржување неформални состаноци со Пратеници кои ја подржуваат проектната идеја за запознавање со целите на проектот и воспоставување на поблиска соработка и потпишување на “Меморандум за Соработка“;
- Организирање на работилница на која ќе бидат претставени избраните пратеници и ќе бидат запознаени со работата на десетина еколошки организации, а исто така ќе биде воспостави механизам за подобра соработка помеѓу пратениците и еколошките НВОи;
- Подобрување на дизајнот на веб страната www.zeleni.org.mk и објавување на информации за работењето на Парламентот за прашања од областа на животната средина;
- Промовирање на „зелената“ лоби група преку веб страната и медиумите;
- МЗЦ ќе ја истражува состојбата на законодавството од областа на животната средина во државата (закон за бучава, закон за води, закон за ГМОи…). Исто така МЗЦ ќе припреми 2 документи од истражувањето и 2 драфт закони што ќе ги презентира пред пратениците.
- МЗЦ ќе го предведе извештајот на Стерн и ќе го промовира преку www.zeleni.org.mk и www.eko.net.mk. Кратко резиме во форма на брошура ќе биде подготвена за пратениците со цел да се подобри знаењето и свеста за проблемот со климатските промени.
Влијанија од проектот:
- Подобрена соработка помеѓу еколошките НВОи и пратениците во македонскиот Парламент.
- Подигање на свеста и знаењето на Пратениците за теми од областа на животната средина.
- Организирање дебати во македонскиот Парламент за еколошките проблеми и иницијативи.
- Креирање подобра политика во областа на животната средина во Македонија и усогласување со законодавството од ЕУ.
- Подобро информирана јавност за законодавството од областа на животната средина.
- Јавноста ќе има можност да ги изнесе еколошките прашања/проблеми пред “зелената лоби група“ во Парламентот.
|