English language
 
   Прва Страна
   За нас
   Новости
   Услуги
   Проекти
   Документи
   Галерија
   Линкови
   Контакт
  
  
 
Посета на британски експерт за климатски промени во Република Македонија
Во рамките на проектот “Формирање на зелена лоби група во Македонскиот Парламент“ финансиски помогнат од Британската Амбасада во Скопје, во организација на Македонскиот зелен центар и на покана на Амбасадорот на Велика Британија во Македонија г-дин Андру Ки, во дводневна официјална посета ќе допатува г-дин Елиот Морли, британски експерт и лобист за климатски промени, член на мониторинг комитетот на Велика Британија за животна средина и поранешен Министер за животна средина, храна и рурален развој во Владата на Кралството Британија.

ДЕНОТ НА ДРВОТО - ЗАСАДИ ЈА СВОЈАТА ИДНИНА
Дел од членовите на Парламентарната зелена лоби група кои се од Скопје, активно се приклучија кон иницијативата за пошумување ДЕН НА ДРВОТО – ЗАСАДИ ЈА СВОЈАТА ИДНИНА и на 12 март симболично посадија дрвце на територијата на општина Сарај, поточно во реонот на локалитетот Матка.
 
Одржана средба помеѓу граѓанските здруженија и Парламентарната зелена лоби група
На 26 февруари 2008 година во Клубот на пратеници во Скопје се одржа еднодневна работилница организирана од Македонскиот Зелен Центар во рамките на проектот „Формирање на Парламентарна зелена лоби група“ финансиран од Британската амбасада во Македонија. Тема на работилницата беше “Воспоставување на механизам за подобра соработка помеѓу здруженијата на граѓани, членовите на Парламентот и државните институции во областа на животната средина и одржливиот развој”.
 
Продолжение на Вториот состанок на Парламентарната Зелена Лоби Група
ОНа 7 февруари 2008 година во Собранието на Република Македонија се одржа продолжението на вториот работен состанок на Парламентарната зелена лоби група. На состанокот присуствуваа 8 Пратеници-членови на лоби групата: Благој Зашов, Марјан Додовски, Катерина Димеска, Томе Даневски, Азис Положани, Сафет Незири, Зоран Витанов и Мирјана Секуловска. Состанокот го отвори и водеше г-дин Столе Георгиев, координатор на проектот. На овој состанок присуствуваше и претставник од Министерството за животна средина и просторно планирање, г-ѓа Теодора Обрадовиќ – Грнчаровска.
 
ДЕНОТ НА ДРВОТО - ЗАСАДИ ЈА СВОЈАТА ИДНИНА
Ова е мотото на акцијата по големите пожари што минатото лето ги зафатија македонските шуми. Акцијата е иницирана од група граѓани, на чело со оперскиот пејач Борис Трајанов. Во рамки на оваа големата акција под мото „Ден на дрвото – Засади ја својата иднина“, на 12 март 2008 год. ширум земјата ќе бидат засадени над 2 000 000 садници. Бројката на садници го симболизира вкупното население во Македонија.
 
Втор состанок на Парламентарната зелена лоби група

На 7 декември 2007 година во Собранието на Република Македонија се одржа вториот работен состанок на Парламентарната зелена лоби група. На состанокот присуствуваа 7 Пратеници-членови на лоби групата, кои доаѓаат од различни политички партии во Парламентот, меѓу кои присутни беа: Томе Даневски, Катерина Димеска, Илија Димовски, Марјан Додовски, Зоран Витанов, Лилјана Поповска и Роза Топузовска-Каровска. Состанокот го отвори и водеше г-дин Столе Георгиев, координатор на проектот.

Промовирана “Парламентарната зелена лоби група“
На 26 октомври 2007 година во Собранието на Република Македонија се одржа иницијативен работен состанок за формирање и промовирање на “Парламентарната зелена лоби група“. На состанокот присуствуваа 14 Пратеници – членови на лоби групата, Амбасадорот на Велика Британија, г-дин Андру Ки, Министерот за животна средина и просторно планирање, г-дин Џелил Бајрами и претставници на медиумите.
 
6-та ГОДИШНА СРЕДБА НА ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ КОИ РАБОТАТ ВО ПОЛЕТО НА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И ОДРЖЛИВИОТ РАЗВОЈ
Шестата Годишна средба на здруженија на граѓани кои работат во полето на заштитата на животната средина и одржливиот развој ќе се одржи во периодот од 22 до 24 ноември 2007 година во хотел “Макпетрол“ Струга. Главната тема на овогодишнава средба е “Лобирање и застапување во областа на животната средина и одржлив развој“ на која ќе имаат можност да присуствуваат и дискутираат на едно место, претставници на здруженија на граѓани, претставници на министерството за животна средина и просторно планирање, политичари, новинари итн.
 
Воспоставување на контакти со пратениците во Македонскиот Парламент

Прв официјален контакт беше остварен со Г-дин Никола Ќурчиев, претседател на Комисијата за Транспорт, Врски и Екологија.

Следен воспоставен контакт и одржување на состанок беше со Г-ѓа Лилјана Поповска, преседател на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите. Таа е член на 2 лоби групи кои беа основани во изминатиот период во Македонскиот Парламент и тоа

 
Состанок со Министерство за животна средина и просторно планирање

Координаторот на проектот го отвори состанокот, накратко го претстави проектот „Формирање на зелена лоби група во Парламент и ги запозна присутните со проектните активности и со очекуваните резултати, а притоа даде осврт и кон досегашната работа на Македонски Зелен Центар преку организирање на двете кампањи „Гласај за природата“, и тоа позеленување на локалните избори 2005 и позеленување на парламентарните избори 2006. Исто така организирањето на 5 та Годишна средба на еколошките НВОи во Македонија беше организирана од страна на Македонски Зелен Центар.

Цел на овој состанок беше да се добие јасна претстава за процесот на усогласување на нашето законодавство од областа на животната средина со законодавството на Европската Унија.
 
Состанок со МОСТ и Канцеларија за контакт помеѓу НВОи и собрание на Р. М.

Цел на овој состанок беше да се добие за начионт на кој функционира Парламентот во Р. Македонија, начин за воспоставување на комуникација со пратениците, како и идентификување на можностите за соработка со канцеларијата.

 
Состанок со Делегација на Европската комисја

Цел на овој состанок беше да се дознае кои обврски ги наложува процесот на ЕУ интеграција и до каде е Република Македонија во процесот на усогласување на нашето законодавство од областа на животната средина со законодавството на Европската Унија.
 
Нашиот проект беше оценет како многу позитивна иницијатива за подигање на јавната свест за заштита на животната средина во која треба да биде опфатено и гласачкото тело кое ги избира пратениците.

 
Состанок со Секретаријат за европски прашања

Координаторот на проектот го отвори состанокот, накратко го претстави проектот „Формирање на зелена лоби група во Парламент и ги запозна присутните со проектните активности и со очекуваните резултати, а притоа даде осврт и кон досегашната работа на Македонски Зелен Центар преку организирање на двете кампањи „Гласај за природата“, и тоа позеленување на локалните избори 2005 и позеленување на парламентарните избори 2006. Исто така организирањето на 5 та Годишна средба на еколошките НВОи во Македонија беше организирана од страна на Македонски Зелен Центар.    

Цел на овој состанок беше да се добие јасна претстава за процесот на усогласување на нашето законодавство од областа на животната средина со законодавството на Европската Унија, како и можноста за соработка помеѓу владата и невладиниот сектор.

 
 
Прва Страна   За нас   Новости   Услуги   Проекти  Документи  Галерија  Линкови   Контакт