English language
 
   Прва Страна
   За нас
   Новости
   Услуги
   Проекти
   Документи
   Галерија
   Линкови
   Контакт
  
  
Добредојдовте
Проектот е финансиран од Британската Амбасада во Македонија
Македонски Зелен Центар (МЗЦ) е невладина, непрофитна и непартиска организација за застапување, лобирање и истражување за прашања од областа на животната средина, основана на иницијатива од Работната група за позеленување на локалните избори (РГПЛИ)
од Еко свест - Скопје, Биосфера –Битола, Крсте Јон – Струга, Проактива – Скопје и Еко.Нет –Скопје. МЗЦ дејствува и работи на Локално, Национално и Меѓународно ниво.

Идејата за основање на МЗЦ потекнува од кампањата „Гласај за природата“ која се спроведе од РГПЛИ и десетина еколошки организации во Македонија во контекст на Локалните Избори 2005. Нејзината цел беше да се подигне значењето на неколку локални проблеми од областа на животната средина во програмите на кандидатите за градоначалници и советници.

Мисија на Македонски Зелен Центар

Мисијата на МЗЦ е да промовира конкретни демократски алатки кои ќе им овозможат на граѓаните да имаат активна улога во процесите на демократско и транспарентно носење на одлуки и да се подигне разбирањето за прашањата од областа на животната средина како вистински значајна политичка тема во Македонија.

СТРАТЕШКИ ЦЕЛИ НА МЗЦ

Нашата долгорочна цел е да се промовираат конкретни демократски алатки кои ќе им овозможат на граѓаните да имаат пристап во процесот на демократското носење на одлуки и поконкретно да се направат позитивни промени во разбирањето на животната средина како значајно и реално политичко прашање преку:

  • издигнување на прашањето на животната средина на повисоко ниво на политичката агенда, со отварање на дебати кои ќе се однесуваат на прашања и проблеми со животната средина;
  • создавање на јасна врска помеѓу можностите за одржлив локален економски развој и прашањата кои се однесуваат на здрава и сигурна животна средина како еден од клучните предуслови за локален економски развој.

ОСНОВАЧИ НА МЗЦ

Македонскиот зелен центар е основан од претставници од 6 невладини организации кои работат на полето на животната средина:

Еко-свест од Скопје, организација чии активности се насочени кон решавање на проблеми со цврст отпад, промоција на одржлив и безбеден транспорт,  промоција на обновливи видови на енергија и делување на полето на ГМО.

Проактива од Скопјe, нивните активности се насочени кон енергетската ефикасност, обновливата енергија и јавниот транспорт и алтернативните начини на транспорт

Еконет од Скопје, Центар за електронска комуникација им овозможува на еколошките НВО-и, информациите за нивните активности или вести да бидат презентирани на пошироката јавност. Исто така овозможува и размена на информации меѓу самите НВО, но и достапност на информациите од сферата на животната средина до сите заинтересирани.

И.П.О Крсте Јон / Зелен Центар од Струганивните активности се насочени кон укажување од потребата за заштита на Охридското Езеро како светски и културен споменик од една страна, и како важен ресурс на вода од друга страна.

Биосфера од Битола, нивните активности се насочени кон интеграција на еколошките организации и политиката за животна средина на Република Македонија со европските стандарди и принципи на работа.

Коцка - мрежа на независни консултанти од Скопје - мрежата обезбедува обуки и консултантски услуги на граѓански здруженија, приватни компании, локални самоуправи, владини и меѓународни институции.

Новости
 
Документи
Истражување на состојбите со законската регулатива од областа на животната средина во Република Македонија

ДОСЕГАШНИ ДОНАТОРИ НА МАКЕДОНСКИ ЗЕЛЕН ЦЕНТАР

 

Milieu Kontakt International
Финансиска и логистичка поддршка на двете кампањи за позеленување на изборите „Гласај за природата“. Финансиска и логистичка поддршка за организирање на годишните средби на еколошките НВОи во Р. Македонија

British Embassy in Macedonia
Финансиска поддршка на проектот „Формирање на зелена лоби група во Македонскиот Парламент“

PSO Program of  Dutch Government
Финансиска поддршка на проектот „Активности за градење на капацитетите во периодот 2006-2007“

UNDP
Финансиска поддршка за организирање на годишните средби на еколошките НВОи во Р. Македонија

 

ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ НА ОРГАНИЦИЈАТА:

 

Име на организацијата:

МАКЕДОНСКИ ЗЕЛЕН ЦЕНТАР

Скратено име:

МЗЦ

Адреса:

ул. Водњанска бр. 35/12

Место:

1000 Скопје

Телефон и факс:

02/ 3109 373

E-mail:

zeleni@zeleni.org.mk

   

ЕДБ

4030006594655 

Матичен број:

6113079 

Жиро-сметка

000210061130790181 

Банка Депонент

Тутунска банка

Овластено Лице:

Методија Саздов

 
 
Прва Страна   За нас   Новости   Услуги   Проекти  Документи  Галерија  Линкови   Контакт