|
| |
|
 |
 |
|
Македонски Зелен Центар (МЗЦ) е невладина, непрофитна и непартиска организација за застапување, лобирање и истражување за прашања од областа на животната средина.  |
|
|
 |
 |
Енергетиката има сериозни влијанија врз животната средина, дали политичарите се свесни за нив?!
Во јуни оваа година се случија предвремени избори и како и за секои избори во изминативе три години Македонскиот зелен центар ги следеше програмските активности на политичките коалиции поврзани со животната средина и енергетиката. Енергетиката отсекогаш имала многу големо влиајние врз животната средина, па поради тоа оваа изборна година ги вкрстивме овие две теми. 
|
 |
... ГЛАСАЈ ЗА ПРИРОДАТА 2008!
Во рамки Македонскиот зелен центар во соработка со организациите членки на МЗЦ ( “Еко свест” - Скопје, “Биосфера” - Битола, “Проактива” - Скопје, “Крсте Јон” - Струга, “Еко.Нет” - Скопје и “Коцка” - Скопје) како продолжение на активностите за учество на јавноста во крерирањето на националните политики за животна средина и поставување на прашањата од областа на животната средина и одржливиот развој на повисоко приоритетно место во агендите на политичките партии во Македонија, во моментов ја спроведува кампањата “Гласај за Природата 2008”. 
|
|
|
ЗА ИЗБОР НА ПРЕТСТАВНИЦИ НА ЗДРУЖЕНИЈАТА НА ГРАЃАНИ АКТИВНИ ВО ПОЛЕТО НА ЖИВОТНА СРЕДИНА ВО СЕКТОРСКИОТ КОМИТЕТ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ОПЕРАТИВНАТА ПРОГРАМА ЗА РЕГИОНАЛЕН РАЗВОЈ ПРИ МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
На 12.05.2008 (понеделник) во просториите на Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) се одржа состанок за избор на кандидати во Секторски Комитет за мониторинг на Оперативната програма на МЖСПП за компонентата III од ИПА за регионален развој.
На овој состанок беa дефинирани критериумите и механизмите според кои ќе бидат избрани двајца претставници од здруженијата на граѓани кои работат во областа на животната средина (член и заменик член) во Секторскиот Комитет за мониторинг на Оперативната програма за Регионален развој (III компонента од ИПА Инструментот) на МЖСПП.
Секое здружение на граѓани чија што дејност е заштита и унапредување на животната средина има право да номинира кандидат, да ја поплони пријавата и да ја достави до Верификационата комисија на е-маил komisija@zeleni.org.mk или по факс 02 3179 456, заклучно со 15.05.2008, (четврток) до 12 часот. По овој рок се отпочнува со гласање, секоја организација може да гласа само еднаш и само за едн кандидат. Гласањето трае до 19.05.2008 (понеделник) до 12 часот и после тоа се објавуваат резултатите. Целиот процес ќе биде транспарентен и ќе се одвива на порталот на Еконет.
За подетални информации може да го погледнете повикот до здруженија на граѓани и записникот од состанокот.
Превземете:
ПОВИК до здруженијата на граѓани активни во полето на животна средина (PDF)
Формулар за Пријавување на кандидатура (DOC)
Записник од состанокот на здруженија на граѓани одржан на 12.05.2008 година во МЦМС (PDF)
|
 |
Гостување на Г-дин Елиот Морли, експерт за климатски промени од Велика Британија
Во рамки на проектот “Формирање на зелена лоби група во Македонскиот Парламент“ и на покана од амбасадорот на Велика Британија, г-дин Андру Ки во Република Македонија на 27 и 28 март, 2008 година присуствуваше г-дин Елиот Морли, експерт за климатски промени кој е поранешен Министер за животна средина, храна и рурален развој на Велика Британија и член на комитет за мониторинг на животната средина. 
|
|
|
 |
ДЕНОТ НА ДРВОТО - ЗАСАДИ ЈА СВОЈАТА ИДНИНА
Дел од членовите на Парламентарната зелена лоби група кои се од Скопје, активно се приклучија кон иницијативата за пошумување ДЕН НА ДРВОТО – ЗАСАДИ ЈА СВОЈАТА ИДНИНА и на 12 март симболично посадија дрвце на територијата на општина Сарај, поточно во реонот на локалитетот Матка.
|
|
|
 |
Одржана средба помеѓу граѓанските здруженија и Парламентарната зелена лоби група
На 26 февруари 2008 година во Клубот на пратеници во Скопје се одржа еднодневна работилница организирана од Македонскиот Зелен Центар во рамките на проектот „Формирање на Парламентарна зелена лоби група“ финансиран од Британската амбасада во Македонија. Тема на работилницата беше “Воспоставување на механизам за подобра соработка помеѓу здруженијата на граѓани, членовите на Парламентот и државните институции во областа на животната средина и одржливиот развој”.  |
|
|
 |
Продолжение на Вториот состанок на Парламентарната Зелена Лоби Група
ОНа 7 февруари 2008 година во Собранието на Република Македонија се одржа продолжението на вториот работен состанок на Парламентарната зелена лоби група. На состанокот присуствуваа 8 Пратеници-членови на лоби групата: Благој Зашов, Марјан Додовски, Катерина Димеска, Томе Даневски, Азис Положани, Сафет Незири, Зоран Витанов и Мирјана Секуловска. Состанокот го отвори и водеше г-дин Столе Георгиев, координатор на проектот. На овој состанок присуствуваше и претставник од Министерството за животна средина и просторно планирање, г-ѓа Теодора Обрадовиќ – Грнчаровска.  |
|
|
 |
ДЕНОТ НА ДРВОТО - ЗАСАДИ ЈА СВОЈАТА ИДНИНА
Ова е мотото на акцијата по големите пожари што минатото лето ги зафатија македонските шуми. Акцијата е иницирана од група граѓани, на чело со оперскиот пејач Борис Трајанов. Во рамки на оваа големата акција под мото „Ден на дрвото – Засади ја својата иднина“, на 12 март 2008 год. ширум земјата ќе бидат засадени над 2 000 000 садници. Бројката на садници го симболизира вкупното население во Македонија.  |
|
|
 |
Втор состанок на Парламентарната зелена лоби група
На 7 декември 2007 година во Собранието на Република Македонија се одржа вториот работен состанок на Парламентарната зелена лоби група. На состанокот присуствуваа 7 Пратеници-членови на лоби групата, кои доаѓаат од различни политички партии во Парламентот, меѓу кои присутни беа: Томе Даневски, Катерина Димеска, Илија Димовски, Марјан Додовски, Зоран Витанов, Лилјана Поповска и Роза Топузовска-Каровска. Состанокот го отвори и водеше г-дин Столе Георгиев, координатор на проектот.
На овој состанок присуствуваа Г-дин Борис Трајанов, оперски пејач и Г-дин Владимир Мандичевски ...  |
|
 |
Промовирана “Парламентарната зелена лоби група“
На 26 октомври 2007 година во Собранието на Република Македонија се одржа иницијативен работен состанок за формирање и промовирање на “Парламентарната зелена лоби група“. На состанокот присуствуваа 14 Пратеници – членови на лоби групата, Амбасадорот на Велика Британија, г-дин Андру Ки, Министерот за животна средина и просторно планирање, г-дин Џелил Бајрами и претставници на медиумите. |
|
|
Pеализирани
одделни состаноци со Пратениците (Јули 2007)
Проектниот тим во текот на месец јули 2007 реализираше
повеќе состаноци со пратениците во рамките на проектот „Формирање на зелена
лоби група во македонскиот парламентот“. На овие состаноци беше дискутирано
за заинтересираноста на пратениците да учествуваат во лоби групата, како и
начините на соработката со МЗЦ.  |
|
|
|
|
Иницијативни состаноци со претставници од институциите
(МЖСПП,СЕП,ЕК) (Јуни 2007)
Проектниот тим кој работи на проектот „Формирање на зелена лоби група во македонскиот парламентот“ во периодот од 07 до 12 јуни одржа неколку состаноци со претставници од Канцеларијата на Европската Комисија во |
Македонија, Секретаријатот за Европски Прашања при Владата на Република Македонија и претставници од Министерство за животна средина и просторно планирање. |
|
|
|
|
Team Building членовите на
Македонскиот Зелен Центар (Јуни 2007)
Во рамките на проекот “Градење на Капацитетите на Македонскиот Зелен Центар“, во периодот 2-3 јуни 2007 годнина во х. Романтик на Велешкото Езеро, членовите на Македонскиот Зелен Центар имаа семинар за градење на тимската работа на МЗЦ. |
|
|
|
|
Формирање на зелена лоби група во Македонскиот Парламент
Во рамките на Програмата за поддршка на Невладините Организации на Британската Амбасада во Македонија, Македонскиот Зелен Центар доби грант за имплементација на проектот “Формирање на зелена лоби група во Македонскиот Парламент“. Проектот има за цел креирање на оддржлива „зелена лоби група“ во Македонскиот Парламент која ќе има |
|
добра соработка со здруженијата на граѓани кои работат во областа на животната средина, a се со цел Парламентот на Р. Македонија и владините институции да бидат подобро запознаени со приритетите од областа на животната средина. 
|
|
| |
| |
| |
| |
| |
|
|
|
|
| |
|
|
 |
|
|
СТЕРНОВ ИЗВЕШТАЈ - Економија на климатските промени - извршно резиме (PDF)
|
|
|
Преглед на состојбата со законската регулатива за животна средина во Македонија (PDF)
|
|
|
Анализа на состојбата со подзаконските акти за животна средина во Македонија(PDF)
|
| |
|
Македонија и климатските промени (PDF)
|
| |
|
Одржливиот развој и заштитата на животната средина низ документите на Обединетите Нации (PDF)
|
| |
| |
 |
| Македонскиот зелен центар е вклучен во ТАИ (TAI – The Access Initiative) истражувањето, кое се изведува на национално ниво и досега е изведено во четириесет и седум земји во светот. Истражувањето во Македонија е координирано од НВО Флорозон. Целта е да се оцени капацитетот на централната и локалната власт, како и на државните институции за овозможување на правото на граѓаните за пристап до информации за животната средина, учество на јавноста во донесувањето одлуки поврзни со животната средина и пристапот до правда на граѓаните за прашања поврзани со животната средина. |
|
|
|
|
|